Соопштенија

Средба на Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски со заменик-помошникот државен секретар на САД Хојт Брајан Ји

Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски денеска го прими во посета заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент Хојт Брајан Ји.

На средбата, стана збор за справувањето со тероризмот и санкционирањето на учеството во странски војски, како и за подготвеноста на Јавното обвинителство на Република Македонија за справување со кривичните дела против изборите.

Освен ова, беа разменети мислења и за соработката помеѓу институциите, вклучувајќи ги и односите меѓу Јавното обвинителство на Република Македонија и Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите​.

На состанокот, г-динот Хојт Брајан Ли беше придружуван од амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија Џес Бејли.

DSC00269

DSC00273