Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Гостивар нареди обдукција и на вториот труп пронајден на Бистра

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар е на лице место и врши увид на локацијата на падините на Бистра, во близина на селото Гари, каде што попладнево беше пронајдено уште едно мртво тело.

Притоа, надлежниот обвинител веднаш издаде Наредба за обдукција на пронајденото тело, која ќе се врши на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје.

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство – Гостивар ги очекува резултатите од обдукцијата на првопронајдениот машки труп во распаѓање, а за кого првичните сознанија упатуваа дека е еден од двете исчезнати лица – татко и син, по кои неколку дена интензивно се трагаше на Бистра.

Реултатите од обдукцијата треба да го утврдат точниот идентитет, како и да ги расветлат причините за смртта на двете лица. По добивањето на официјалните резултати од Институт за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, Основното јавно обвинителство – Гостивар ќе ја информира јавноста.