Јавното обвинителство презема дејствија за расветлување на авионската несреќа која попладнево се случи во близина на Скопје. По добиените сознанија, обвинителството во координација со надлежните институции презема мерки за утврдување на местото на несреќата, негово обезбедување и натамошно постапување. Истовремено се прибираат податоци и релевантни факти во насока на утврдување на причините за несреќата.
Со подетални информации јавноста ќе биде дополнително запознаена.