Во населбата Млаки, Гостивар на 17 септември затекнат е осомничениот кој вршел продажба на наркотична дрога марихуана. При обидот лицето да се пресретне и претресе истото побегнало. Во полициска акција по половина час е лишен од слобода осомничениот, дваесет и осум годишен државјанин на Република Албанија со место на живеење во Добри Дол.
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар извршен е претрес во куќата каде живеел осомничениот при што е пронајдена дрога во вкупна тежина од 3 884,2 грама. Обвинителството поведе постапка против осомничениот за сторено кривично дело – Недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. Воедно, поднесен е Предлог за определување на мерката – Притвор за осомниченото лице со оглед на тоа што се исполнети законските основи.
Основниот суд – Гостивар со Решение го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му е изречена мерка – Притвор во времетраење од 30 дена.