Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Куманово поднесе обвиненија за инцидентот кај Здравствен дом

Основното јавно обвинителство – Куманово поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство согласно член 123 од Кривичниот законик. Осомничениот Б.И. се товари дека прегазил четиригодишно дете во близина на Здравствениот дом во Куманово, во инцидентот што се случи на 25 јуни годинава.

За истиот настан против три други лица е поднесено обвинение за сторено кривично дело Насилство од член 386 од Кривичниот законик.

Имено, на 25 јуни годинава, додека Б.И. заедно со неговата девојка чекале ред во здравствениот дом во Куманово,тој се скарал со родителот на четиригодишното момче за непочитување на ред за прием во установата. Расправијата продолжила надвор од Здравствениот дом, кога членови на семејството на момчето го нападнале Б.И. и неговиот брат. Обвинетиот со својот автомобил марка „мерцедес“ се обидел да ги прегази мајката, таткото и 4-годишното дете, кое од здобиените повреди почина.