Соопштенија

Сопругот осомничен за убиство на жена во Битола

Oсновното јавно обвинителство – Битола до судија на претходна постапка при Основен суд – Битола достави Предлог за определување на мерка – притвор против едно лице за сторено кривично дело Убиство од чл.123 ст.2 т.2 од Кривичниот законик.

Предлог е доставен поради постоење на основано сомнение дека осомничениот  на 13.03.2017 година,  поради претходно нарушените меѓусебни односи, во дневната соба од заедничкиот дом со вршење на семејно насилство ја лишил од живот оштетената – неговата сопруга Е.М.Д. од Битола.  Осомничениот со повеќе удари со тапо тврди средства – дрвени сукала ја удирал по главата оштетената нанесувајќи и повеќе повреди, од што настапил смртен исход.

Постапката по наведената кривична пријава е во тек.​