Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – единица за недозволена трговија при МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против Ф.И. (50) , С.Ф. (50) и М.А. (47), поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по чл. 215 ст. 3 в.в. со ст. 1 од КЗ.
Истовремено, на 23.03.2017 година до судија на претходна постапка е поднесен и Предлог за определување на мерка притвор против трите лица.
Во периодот од 20.03.2017 до 23.03.2017 година С.Ф. од непознато лице купил наркотична дрога – марихуана, по што со Ф.И. се договорил истиот да посредува на продажбата на истата. Ф.И. се договорил М.А. да ја купи наркотичната дрога и истата да ја размени за ПМВ марка БМВ. На 22.03.2017 година околу 19 часот Ф.И. во с. Одри од С.Ф. ја презел наркотичната дрога марихуана за да ја однесе на купувачот М.А., но околу 20 часот од страна на полициски службеници на МВР на РМ на локалниот пат од правец на с.Одри спрема с.Џепчиште е запрено ПМВ марка Пежо 206 управувано од Ф.И. и по извршен преглед во возилото во делот кај патосницата од совозачкото седиште пронајдено е едно поголемо правоаголно пакување со проѕирна фолија во кое имало наркотична дрога марихуана со вкупна нето тежина од еден килограм.
Постапувајќи по Предогот за пределување на притвор од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Скопје 1 Скопје е донесено Решение за определување мерка притвор против тројцата обвинети.