Јавното обвинителство на Република Македонија ја известува јавноста дека будно ги следи настаните. Во текот на вчерашниот ден беа воспоставени и вонредни дежурства. Надлежните јавни обвинители во континуитет се во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат дејствија за расветлување на настаните и утврдување на фактите. Согласно своите надлежности, Јавното обвинителство ќе постапува во сите случаи каде ќе биде утврдено постоење на елементи на сторено кривично дело и за секој од настаните по документирањето ќе биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука.