По спроведената истрага за кривичниот настан што се случи на 13 јуни годинава, во дежурната просторија на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Тетово кога едно лице го загуби животот, Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 299 став 2, а во врска со член 288 став 3 в.в. со став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Против обвинетото лице е поднесен и Предлог за продолжување на мерката Притвор, по што надлежниот суд донесе Решение за продолжување на мерката – Притвор, согласно одредбите на Законот за кривична постапка.
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА