Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје ги презема сите неопходни дејствија во насока на откривање на сторителот и мотивот за убиството што се случи во петокот вечерта во скопската населба Чаир.
Обезбедени се видео записите од камерите што се наоѓаат во околината на местото каде се случи убиството и истите ќе бидат предмет на анализа. По наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Во исто време, издадени се повеќе наредби за вештачење на чаурите, на облеката, на трагите од крв и на други предмети пронајдени и подигнати од местото на настанот.