Соопштенија

Основното јавно обвинителство Прилеп ги разоткрива причините за пожарот во кафе бар

По поднесена кривична пријава против едно лице од Прилеп, на возраст од 24 години, Основното јавно обвинителство Прилеп води постапка за основано сомнение дека лицето сторило кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од чл.292, ст.1 во врска со чл.288, ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на ден 31.12.2017 година во три часот по полноќ во кафе барот „Паб Корнер“, со општо опасно дејствие – пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Претходно, околу 18,00 часот, тој во пабот предизвикал вербална расправија со еден од вработените и со менаџерот на објектот и без да го подмири долгот го напуштил објектот околу 18,30 часот упатувајќи закани дека ќе го запали пабот бидејќи бил навреден. Осомничениот купил три шишиња запалива течност и во три часот се вратил во пабот, му се претставил на вработениот хигиеничар и веднаш ја полил течноста и ја запалил. Со ваквото дејствие, осомничениот предизвикал значителна материјална штета и го сторил кривичното дело за кое го гони Основното јавно обвинителство Прилеп.

Против осомничениот надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор по чл.165, ст.1, т.1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.