Соопштенија

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово врши увид во куќата во која ноќеска избувнал пожар

Во двокатна куќа на ул.„Гоце Делчев“ во Тетово ноќеска избувнал пожар при што според првичните информации настрадале жена и четири деца.

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово во моментов е на местото на настанот и во соработка со увидната екипа од Полициската станица – Тетово и Противпожарната служба врши увид. Обвинителот повика тим за форензика од Скопје и екипа на ЕВН кои треба да помогнат во утврдување на околностите и причините за пожарот. Издадена е наредба за обдукција на пронајдените тела и се преземаат други дејствија неопходни за расветлување на случајот. ​