Соопштенија

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола врши увид во куќата во која ноќеска избувнал пожар

Во семејна куќа во Битола денеска во раните утрински часови избувнал пожар при што, според првичните информации настрадале жена и седумнаесетгодишно момче.

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола врши увид на местото на настанот заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи и Противпожарната служба. Надлежниот јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и обезбедување на местото на настанот, како и за вршење на сите потребни вештачења во насока на откривање на причините за пожарот. Издадена е наредба за обдукција на пронајдените тела и се преземаат други дејствија неопходни за расветлување на случајот. ​