Соопштенија

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за производство и промет на дрога

Осомничениот, грчки државјанин, на 28 јануари пренесувал наркотична дрога – марихуана во количина од 309,6 килограми што била наменета за продажба. Дрогата ја пренесувал во товарно возило „Сканиа“ со грчка регистарска ознака. Во возилото, меѓу  разновидната стока наменета за превоз од Атина, Република Грција до Вупертал, Република Германија, осомничениот пренесувал и 95 вреќи ориз со крајна дестинација Керкаде, Кралство Холандија. Во 75 вреќи , покрај оризот биле најдени алуминиумски вреќи обвиткани со стреч фолија каде се наоѓала наркотичната дрога марихуана.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотопни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Ценејќи дека се исполнети законските околности за определување на мерката притвор, обвинителството до Основниот суд Велес поднесе и предлог за определување на оваа мерка, што беше прифатено од страна на судот и со Решение определи Притвор за осомничениот во времетраење од триесет дена.