Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Прави“ работеа на првиот Коментар на Законот за кривичната постапка од 2010 година. Aнгажманот на авторите (Г.Калајџиев, Г.Лажетиќ, Л.Неделкова, М.Денковска, М.Тромбева, Т.Витларов, П.Јанкуловска, Д.Кадиев) е преточен во практична алатка која ќе помогне за воедначена примена на Законот.
Коментарот е првенствено наменет на практичарите, судиите и обвинителите, адвокатите и обвинетите, полициските службеници и сите други кои се занимаваат со казнената постапка, вклучително и новинарите. Текстот е корисно четиво и за сите кои допрва се обучуваат во вештините на казненото право, студентите по право и безбедност, постдипломци од различни области и докторанти. Целокупниот проект беше финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Коментарот на Законот за кривичната постапка може да се преземе тука.