Јавниот обвинител на Република Македонија денеска свика седница на Стручниот колегиум на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија. Седницата е свикана во проширен состав, односно покрај Јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија ќе присуствуваат и вишите јавни обвинители на Вишите јавни обвинителства и јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
На седницата која ќе се одржи утре, 7 февруари, ќе се разгледува Барањето мислење од колегиумот на судии при Основниот суд Скопје 1 Скопје за начелното правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија од 30 јануари годинава. Воедно, тема на Стручниот колегиум ќе биде натамошното постапување по предмети поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите.