Соопштенија

Започната постапка против дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 22.05.2019 година, во својот дом во Куманово и во домот на нејзиниот невенчан сопруг, осомничената неовластено заради продажба држела наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 322,6 грама и наркотична дрога хероин со нето маса од 11,94 грама. Осомничената ја прибавила наркотична дрога марихуана и хероин за натамашна продажба , за чија цел поседувала и две дигитални ваги кои при извршените претреси се пронајдени и одземени.

Надлежниот јавен обвинител постапувајќи по поднесената кривична пријава, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка. Воедно ценејќи дека се исполнети законските основи до Основниот суд Куманово поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомничената.