Соопштенија

Жител на Драчево обвинет дека дома држел дрога и психотропни супстанции

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 17 мај во својот дом во Драчево држел кај себе опојна дрога – кокаин со вкупна нето маса од 2,06 грама, 33 таблети психотропна супстанција метилендексиметамфетамин и 6,8 грама канабис. Дрогата ја чувал скриена во плакар во соба од горниот кат на куќата. При претрес на домот од страна на овластени службени лица била пронајдена и една дигитална вага со остатоци од наркотици.

Ценејќи дека и натаму постојат законските основи заради кои на обвинетото лице претходно му беше определена мерка куќен притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на оваа мерка.