Соопштенија

Основното јавно обвинителство Кичево ја расчистува сообраќајната несреќа во која загина моторциклист

Денеска на магистралниот пат кон Охрид, во близина на с. Другово,  се случи сообраќајна незгода во која учествувало товарно моторно возило и еден мотоциклист. Товарното моторно возило Мерцедес со регистарски ознаки од Струмица удрило во моторциклот Сузуки без регистарски ознаки, управуван од лице на возраст од 28 години. Од ударот, мотоциклистот  се здобил со тешки телесни повреди и починал на пат кон медицинска установа во Скопје.

Од страна на дежурниот јавен обвинител во содејство со увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Кичево извршен е увид на местото на настанот. Притоа се фиксирани пронајдените траги и предмети. Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за проверка на крв  кај возачот на товарното моторно возило  и за  обдукција на починатото лице. Извршена е и фотодокументација на местото на настанот.

Основното јавно обвинителство Кичево во континуитет презема и други дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот.