Соопштенија

Извршен увид во стан во Битола во кој беа пронајдени починати маж и жена

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид во стан на улицата „Климент Охридски“ во Битола, каде попладнево беа пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.

Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е Наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место. По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција.