Осомничениот се обидел во своето возило на граничниот премин Делчево, да пренесе 28 поединечни пакувања на наркотична дрога – марихуана со вкупна тежина од 14 050, 60 грама. При вршење на царинска контрола, пакувањата се пронајдени и против лицето е поднесена кривична пријава до Основното Јавно обвинителство Кочани.
Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот. Воедно, ценејќи дека се исполнети законските основи, пред судијата на предходна постапка од Основниот суд Кочани предложи определување на мерка Притвор за осомниченото лице.
Судијата на предходна постапка од Основниот суд Кочани со Решение на осомничениот му определи мерка Притвор со времетраење од 30 дена.