Соопштенија

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица за сторено кривично дело – Убиство

Убиството за кое е поднесен Обвинителниот акт против две лица беше извршено на 21 март годинава, кога обвинетите  лишија од живот малолетно лице – девојче на возраст од три години.
По завршувањето на истрагата и прибирањето на сите докази, Основното јавно обвинителство Скопје го поднесе обвинението според кое ги товари сторителите за квалифициран облик на кривично дело – Убиство од член 123 ст.2  во врска со член 22 од Кривичниот Законик.
Двајцата обвинети во својот дом,  повеќе пати го удирале малолетното лице со тупаници, клоци и кабел по целото тело со што му нанеле поголем број на повреди. Од повредите настапил трауматски шок кој довел до престанок на важно-виталните органи, по што настапила смрт кај жртвата.