Соопштенија

Средба Јовески-Нурдаулетов

68841619_1259179940931014_1937824484438310912_n

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска го прими во официјална посета Генералниот обвинител на Република Казахстан Гизат Дауренбекович Нурдаулетов.

На средбата тие разменија искуства и меѓусебно се запознаа со состојбите во јавнообвинителските системи на двете земји, а разговараа и за текот на реформите во правосудството.

Нурдаулетов, со декрет на Претседателот на Република Казахстан, беше назначен за Генерален јавен обвинител на оваа земја во март годинава.