Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид во кафе барот “Кафе Ин” каде вчера вечерта околу 23.30 часот во саксија за цвеќе беше пронајден предмет, налик на бомба.
Во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита, првично е утврдено дека предметот е бомба која по наредба на јавен обвинител е подигната, обезбедена и испратена на вештачење. Истовремено, издадени се насоки и наредби за целосно расчистување на настанот.