Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.
На 23 август, осомничениот 38-годишен скопјанец, во својот дом во Сингелиќ, неовластено кај себе држел 73 куршуми, од кои 67 парчиња од кинеско и 6 од албанско производство. Куршумите со калибар 7,62Х39 биле наменети за испалување од различни видови репетирачки, полуавтоматски и автоматски огнени оружја.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице.