Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово заедно со екипи од крим-техника при Министерството за внатрешни работи и вешти лица вршат увид на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „АВНОЈ“ во Куманово, каде што претпладнево, при изведување градежни работи, беа повредени десет градежни работници.
Според првичните сознанија, осуммина работници во несреќата се здобиле со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување, додека двајца, поради сериозноста на повредите, се префрлени во Ургентниот центар на скопските клиники.
По наредба на јавниот обвинител, локацијата е обезбедена и се работи на прибирање и вештачење на сите траги кои можат да помогнат за утврдување на причините за несреќата.