Соопштенија

Жителка на Кавадарци под истрага за продажба на дрога во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

На 14 ноември, при претрес во домот каде што времено престојувала осомничената жителка на Кавадарци, на улица „Венјамин Мачуковски“ во Скопје, овластени полициски службеници пронашле 5,79 грама наркотична дрога – хероин и 0,58 грама марихуана. При претресот биле пронајдени и парични средства за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на дрога.

Во конкретниот случај, надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети законските основи, односно дека осомничената би можела да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае врз сведоците, па до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.