По поднесување на Обвинителниот акт поднесен до Основниот кривичен суд – Скопје на 30.10.2019 година, од страна на четири обвинети лица се поднесени изјави за признавање на вина, а на денеска закажаното рочиште за оценка на Обвинителниот акт уште едно лице даде изјава за признавање на вина. Надлежниот јавен обвинител заради спроведување на постапката за спогодување со обвинетите побара да се одложи рочиштето.
Откако обвинетите ќе се спогодат со јавниот обвинител, Предлог – спогодбите ќе бидат доставени до судија на претходна постапка кој во рок од три дена од доставувањето треба да закаже рочишта по поднесените Предлог – спогодби. За лицата со кои јавниот обвинител нема да постигне спогодба и за обвинетите што не дадоа изјави за признавање на вина закажано е ново рочиште за оценка на обвинителниот акт за 26.12.2019 година.
Според Обвинителниот акт обвинети се 11 лица – градоначалник, осум административни службеници од општина Карпош и две одговорни лица во правно лице – изведувач и надзор. Според дејствијата опишани во актот првообвинетиот сторил повеќе кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.3 и едно кривично дело Бесправно градење од чл.244-а ст.1 од Кривичниот законик, едно лице сторило кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 од Кривичниот Законик, на седуммина им се става на товар кривично дело Несовесно работење во служба од чл.353-в ст.5 и две лица, со опишаните дејствија во обвинението, сториле кривично дело Бесправно градење од чл.244-а ст.1 од Кривичниот законик.