Соопштенија

Поднесено обвинение за поседување оружје и муниција во дебарско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против лице осомничено за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик.

На 15.09.2017 година, во домот на обвинетиот во дебарското село Могорче било пронајдено полуавтоматско огнено оружје – пиштол марка „Застава“ и рамка со муниција – 6 куршуми со калибар од 6,35мм, кои ги држел неовластено.