Судење за случајот „Убиство на бездомник“ во Скопје – 9:30 часот
Во Основниот кривичен суд Скопје ќе се одржи рочиште по поднесен Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство од чл.123 ст. 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот се товари дека на 01.03.2017 година, по претходна расправија, на бул. „Св. Климент Охридски“ во Скопје, го лишил од живот лицето С.С. на возраст од 52 години.