Во текот на вчерашниот ден во организација на делегација на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција предводена од Основниот јавен обвинител Ислам Абази реализира работна посета со претставниците на Специјалното обвинителство на Република Црна Гора.
На оваа средба беа разменети околу организацијата и функционирањето на двете обвинителства и нивните надлежности. Соговорниците разменија искуства од работењето и надлежностите на двете институции искажувајќи го заедничкото задоволство од досегашната и идната соработка. Во разговорите посебен акцент ставија на потребата од зајакнување на директната комуникација во интерес на постапките и можностите за формирање на заеднички истражни тимови.
„ Во време кога тероризмот и организираниот криминал не познаваат граници, а криминалците не бираат средства и начин да ги користат сите технолошки иновации на денешницата, нашето оружје треба да биде насочено кон наше заедничко делување, а тоа подразбира меѓународна соработка. Години наназад Јавното обвинителство на РСМ, но и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потпишаа низа договори и меморандуми за соработка со државните јавни обвинителства од регионот и пошироко. Меѓу нив како темел и знак за нашата успешна и професионална соработка се и договорите потпишани со вашите обвинителства. “ – рече Абази.
И на оваа средба јавната обвинителка Наташа Поп Трајкова како раководител на Националната единица за сузбивање на трговија со луѓе и криумчарење миграти ја презентираше улогата на единицата и идните мерки и активности што под нејзино раководство ќе треба да се реализираат. „ Трговијата со луѓе и илегалната миграција се глобален проблем што најфлагрантно ги кршат и повредуваат човековите права и слободи. Единствен, ефикасен и ефективен одговор на овој вид криминал е сеопфатен и мултидисциплинарен пристап на сите релевантни чинители на национално и меѓународно ниво и почитување на меѓународните критериуми и стандарди. Затоа треба максимално да ги користиме можностите за јакнење на прекуграничната соработка, да разменуваме валидни информации што придонесат за спроведување ефикасни и ефективни заеднички истраги и формирање заеднички истражни тимови во оваа област. Воедно, успехот на сите нас ќе биде комплетен ако паралелно со истрагата за сите инволвирани сторители се спроведат и финансиски истраги со кои ќе се идентификуваат и замрзнат имотот и добивката стекнати на криминален начин и со примена на проширена конфискација ефективно ќе се одземат со правосилна судска пресуда. “ – истакна Поп Трајкова.
По средбата делегацијата беше на работен ручек со новоназначената Амбасадорка на Велика Британија во Црна Гора – Дон Мекен.
Билатералните средби во Црна Гора и Косово беа во организација на меѓународната организација Хемоникс.