Соопштенија

Албански државјанин обвинет за употреба на фалсификувана лична карта

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 28-годишен жител на Република Албанија, на 22 мај, на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, при пасошка контрола на излез од државава, употребил фалсификувана исправа – преправена грчка лична карта на друго име. Оригиналната фотографија била отстранета од оригиналниот образец на документот и била заменета со фотографија на обвинетиот.

Иако знаел дека исправата е преправена, обвинетиот ја употребил како оригинална, со што го сторил кривичното дело.​