Соопштенија

Албански државјанин осомничен за напад врз полициски службеници на ГП „Блаце“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен државјанин на Република Албанија, осомничен за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 25 август, на граничниот премин „Долно Блаце“, осомничениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле проверка на патните исправи при влез во државава. Проверката на личните податоци во патната исправа на осомничениот покажала дека по лицето е распишана меѓународна потерница од Интерпол – Грција за сторени кривични дела – “убиство, грабеж и кражби”. При спроведување, тој започнал да дава активен отпор и да се обидува да избега, удирајќи ги двајцата полициски службеници и нанесувајќи им телесни повреди. Двајцата полицајци го совладале и го привеле.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, имајќи предвид дека постои опасност тој да се даде во бегство, како и да го повтори делото. Предлогот беше прифатен и со решение на Основниот кривичен суд Скопје на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена за делото кое се гони во скратена постапка.