Соопштенија

Битолското обвинителство предложи парични казни за две лица

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не ги почитувале мерките со кои се определува забрана за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија во одреден временски период, па на 21 април и на 23 април, се движеле пеш низ градот за време додека во сила бил полицискиот час.

За стореното, обвинителството на надлежниот суд му предложи на двајцата обвинети да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска проиввредност.​