Соопштенија

Четворица обвинети за непочитување на полицискиот час во Штип

Основното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите делото го сториле непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола за тоа.

Надлежен јавен обвинител за сите обвинети предложи парични казни од по 500 евра, односно 50 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 10 евра.