Соопштенија

Четворица обвинети за прекршување на полицискиот час во Дебар

Основното јавно обвинителство Дебар поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. За сите обвинети, обвинителството со доставените предлози побара од Судот да им изрече парични казни во висина од по 10 до 100 дневни глоби.

Обвинетитe, непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, за време на полицискиот час се движеле низ Дебар.