Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Гостивар, денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица кои не ја почитувале забраната за движење.
На лицата им се става на товар дека движејќи се на различни локации во градот сториле кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.