Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека извршиле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.
Првообвинетата, на 18.02.2019 година во станот во кој престојувала заедно со второобвинетиот, неовластено заради продажба држела наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 883,76 грама марихуана, хашиш масло во шприц со волумен од 2 мл, амфетамин со вкупна нето маса од 28,47 грама, осум таблети 3,4 метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), како и повеќе други предмети со остатоци од наркотични дроги.
Второобвинетиот се гони за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од помало количество, затоа што на критичниот ден на сведок во постапката му продал психотропна супстанција – амфетамин со нето маса од 0,37 грама за цена од 500 денари.
Заедно со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за првообвинетата, додека за второобвинетиот предложи мерката куќен притвор да му биде укината и да му бидат определени мерки на претпазливост.