Соопштенија

Две лица обвинети за прекршување на полицискиот час на територијата на Битола

Со предлози за издавање казнени налози, Основното јавно обвинителство Битола побара парични казни за две лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

На 31.03.2020 година обвинетите  во одделни кривично правни настани, не постапиле според Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана и посебен режим на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.  Двајцата обвинети, без дозвола за движење за време на полициски час, се движеле со возила по улиците на градот, со што не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест предизвикана од коронавирусот.

Заради стореното кривично дело, обвинителството на Судот му предложи, на обвинетите да им изрече парични казни  во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.