Соопштенија

Две лица обвинети за прекршување на полицискиот час во Битола

Против две лица Основното јавно обвинителство Битола денеска поднесе предлог за издавање казнен налог заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите на 27 април постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија донесена од Владата на Република Северна Македонија. Двајцата обвинети, за време на полицискиот час, без да поседуваат дозвола, се движеле со автомобил пред влезот на Клиничката болница во Битола, каде биле сопрени од полициски службеници.

Основното јавно обвинителство Битола му предложи на Судот за обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби при што вредноста на една една глоба да се определи на 20 евра во денарска противвредност.