Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за сторени кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 (при вршење семејно насилство), Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 (по пат на информатички систем), како и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5.
Ценејќи ги сите околности во предметот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.