Денеска од Република Србија е екстрадиран македонски државјанин oсомничен за сторени кривични дела „Терористичка организација” од чл. 394-а и „Тероризам” од чл. 394-б од Кривичниот законик поврзани со настаните во „Диво Насеље“.
Имено, кон крајот на октомври минатата година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја прошири истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година. Врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка, надлежниот јавен обвинител имаше издадено Наредба за спроведување на истражна постапка за уште тројца македонски државјани што во тој момент беа недостапни на органите на прогонот.