Соопштенија

Европската Комисија цени дека работата на јавните обвинители може да ја ценат само надлежните основни судови

Јавното обвинителство на Република Македонија достави покана до Европската Комисија за испраќање на меѓународни експерти кои би биле во тек со предметите кои ги води обвинителството, а произлезени од последните актуелни случувања.

Иако јавното обвинителство има капацитети и единствена законска недлежност за водење на истражна постапка, сепак ја поканивме Европската Комисија преку свои претставници, а во интерес на јавноста и заради намалување на сомнежите за објективноста во постапувањето, да сведочи за транспарентноста и објективноста во работата на јавните обвинители.

До Јавното обвинителство на Република Македонија пристигна одговор од Европската комисија во кој ни се заблагодаруваат за поканата и позитивно јa оценуваат нашата заложба.

Во одговорот сме известени дека Европската Комисија во моментов нема да врши надворешната експертиза во содржината на  било која поединечна  кривична постапка. Притоа во дописот е истакнато дека сметаат дека единствено надлежно тело да ја цени објективноста или транспарентноста на активностите на јавните обвинители е судот од прва инстанца ( и во случај на жалба апелациониот суд).

Јавното обвинителство повторно ја искажува својата отвореност и покана за меѓународни експерти од ЕУ. Ценејќи ги домашните закони и европските стандарди, а во насока на намалување на сомневањата во јавноста, јавното обвинителство и натаму ќе продолжи со транспарентноста и подготвеноста за соработка со сите релевантни фактори.