Соопштенија

Гостиварското обвинителство поведе постапка против седум лица

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите го прекршиле полицискиот час и за време на забраната се движеле на различни локации во градот, со што постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Надлежното обвинителство на Судот за сите обвинети предложи парични казни во висина од 100 дневни глоби.