Денеска во Скопје на 76-годишна возраст почина Славчо Станков, поранешен јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија.
Славчо Станков беше роден на 05.12.1943 во с.Видовиште, Кочани. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1969 година. Тој целиот работен век го помина во Јавното обвинителство и се посвети на развојот на правната мисла и унапредувањето на обвинителската фела.
Започна во тогашното Општинско јавно обвинителство Свети Николе во 1973 година, а во 1975 година станува заменик јавен обвинител во тогашното Општинско јавно обвинителство Скопје. Во 1984 година, Станков започнува да работи како јавен обвинител во Окружното јавно обвинителство Скопје, а од 1997 година, се до неговото пензионирање во 2008 година беше јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија. Во перидот од октомври 2006 до јануари 2007 година, Славчо Станков беше вршител на должност Јавен обвинител на Република Македонија.
Со неговата смрт обвинителството загуби професионалец и голем пријател.