Соопштенија

IN MEMORIAM

Во Скопје денеска, на 73-годишна возраст, почина Коста Петровски, поранешен јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Петровски беше роден на 16.11.1947 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1971 година. Во 1976 година беше избран за заменик јавен обвинител во Општинското јавно обвинителство Скопје, а од 1985 до 1989 година бил заменик во Окружно јавно обвинителство Скопје. Од 1989 година до 26.03.1997 година е основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.

Во годините што следуваа Петровски беше избран најпрвин за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, а потоа и за обвинител во републичкото Јавно обвинителство.

Во 2008 година беше избран за член на Советот на јавни обвинители од редот на јавните обвинители, а по завршувањето на мандатот се враќа на позицијата во Јавното обвинителство на РМ, од каде заминува во пензија.

Коста Петровски е основач на Здружението на јавни обвинители, а во периодот од 2002 до април 2006 година тој е претседател на ова здружение.