Почина Јован Трпеноски поранешен македонски јавен обвинител, адвокат и секретар за внатрешни работи.
Трпеноски во јавнообвинителската работа беше од 1967 година кога беше назначен за Заменик на јавниот обвинител во Општинското јавно обвинителство во Охрид, по што беше именуван за Општински јавен обвинител во Охрид (1969-1974), а подоцна и за Окружен јавен обвинител во Окружното јавно обвинителство во Скопје.
Функцијата Јавен обвинител на Социјалистичка Република Македонија ја извршуваше од 1984 до 1989 година кога беше избран за Републички секретар за внатрешни работи и за член на Извршниот совет на Социјалистичка Република Македонија.
Во 1991 година Трпеноски беше избран за заменик јавен обвинител на Република Македонија која функција ја извршува до 1992 година.