По кратко боледување, почина Димитрула Апостоловска, судија во Управниот суд на Република Северна Македонија и поранешен јавен обвинител.
Апостоловска беше родена на 16.05.1958 година во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1984 година. На 26.03.1997 година беше именувана за заменик јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.
Обвинителската функција ја извршуваше до 2011 година, кога беше избрана за судија во Управниот суд. Во периодот од 2017 година до 2021 година, судијата Димитрула Апостоловска ја вршеше и функцијата заменик-претседател на Управниот суд.
Јавното обвинителство изразува сочувство до семејството.