Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен скопјанец, осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215од Кривичниот законик.
Осомничениот, во текот на месецов, од засега непознато лице набавил наркотична дрога – марихуана и кокаин, која ја држел кај себе заради препродажба. На 15 март, при претрес во автомобилот со кој управувал осомничениот, на паркинг просторот на меѓуградската автобуска станица во Скопје биле пронајдени 104,03 грама марихуана, 0,42 грама марихуана помешана со тутун, како и две пакувања кокаин со вкупна тежина од 2,24 грама.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.