Соопштенија

Истрага против дилер на кокаин од Гостивар

Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен жител на селото Чегране донесе Основното јавно обвинителство Гостивар, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во текот на месец март, осомничениот од непознато лице набавил наркотична дрога – кокаин и ја препакувал со намера да ја препродава. При претрес во куќата во која живее биле пронајдени 22 помали пакувања кокаин со вкупна нето маса од 10,38 грама. Дрогата била скриена во пластичната цевка за канализација во подрумот на куќата.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот донесе решение со кое на осомничениот му определи мерка куќен притвор.​